„НЕ кога ти сакаш“: Реченица на Сузана Турунџиева што ќе ве натера да размислите за суштината на животот

Добивај вести на Viber

Познатата водителка и писателка Сузана Турунџиева повторно го привлече вниманието на јавноста со силна и искрена порака на социјалните мрежи. 

Со неа потсети дека љубовта кон себе и трпението се клучни во процесот на личен раст и прифаќање на животот.

„Кога нештата не одат според твојот замислен план, не заборавај дека животот има специјален индивидуален план за тебе... И ќе те однесе на вистинскиот пат тогаш, кога твојот ум и тело ќе бидат подготвени за тоа... Не ТИ кога сакаш! Затоа полека... Дај си себеси време и трпение и не заборавај дека добрите промени изискуваат од тебе длабока верба, силна волја и упорна работа на себе...,“ напиша Турунџиева.


Нејзините инспиративни објави често стануваат вирални меѓу жените во Македонија, токму поради тоа што допираат до суштината на личната борба и внатрешната сила. Со својот животен стил и искрени ставови, Сузана стана симбол на самопочитување, љубов кон себе и храброст да се чекори напред дури и кога животот не оди по план.

Многу жени сведочат дека нејзините зборови им станале поттик за да го променат начинот на размислување и да го прифатат животот со повеќе љубов, мир и доверба во себе.