Кога ќе го изгубиш здравјето, сѐ е залудно: Сузана Турунџиева ја кажа вистината за животот во неколку реченици
Сузана Турунџиева, позната ТВ водителка, повторно допре до јавноста со искрена и силна порака за минливоста на животот и погрешните приоритети кои многумина од нас ги поставуваат.
Во време кога сите сме фатени во вртлогот на брзање и обврски, нејзините зборови потсетуваат дека животот не е трка, туку пат кој мора да се живее со повеќе свест и љубов кон себе.
Со својата емотивна објава, Сузана проговори за нешто што тивко, но силно, допира до секој човек – бескрајната бркотница по обврски и стравот да не се пропушти нешто „важно“, додека токму она најважното – здравјето и блиските – останува на пауза.
„Трчаш за на работа...
Трчаш да се вратиш од работа...
Трчаш да најдеш и дополнителна работа...
Трчаш да платиш сметки, рата за кредит, летување за децата... Школување... Курсеви, секции...
Трчаш да испазариш, да зготвиш, да пречекаш и испратиш гости...
Трчаш по состаноци, настани, ‘битни’ средби... Ги оставаш ‘на чекање’ најважните луѓе во твојот живот, за некои наводно ‘значајни’ настани...
Трчаш и никако да истрчаш насекаде...
До каде, до кога?! Зошто?!
Престани да се натпреваруваш со животот, успори малку, преиспитај се и откриј на колку СЕ места не мораш да бидеш... Намали го малку товарот кој сам(а) си го качил(а) на твојот грб...
Престани да мислиш на СЕ и на СИТЕ, СЕКОГАШ!
НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА СЕ СТАВИШ СЕБЕСИ НА ПРВОТО МЕСТО, особено ако од тебе зависат и други членови во семејството...
Запамти!
СЕ може да почека, само твоето здравје НЕ!
Закажи прегледи и грижи се за твоето здравје, НАЈПРВО ЗА СЕБЕ, после за се останато!“
Со оваа порака Сузана го отвора прашањето што сите го избегнуваме: зошто дозволуваме животот да ни поминува во постојана трка?
Нејзиниот повик да се забави ритамот не е само совeт, туку предупредување дека без здравје и мир, ништо друго нема смисла. Понекогаш, најголемата храброст е не да стигнеме на сите страни, туку да кажеме „доста“ и да се свртиме кон себеси.
Животот не чека – но ние можеме да научиме да го живееме побавно, посвесно и со вистински приоритети.
Фото извор: Мета