Се славеше во домот на Емра Куритшова и Петар Стојанов: Еве колку години наполни малата Лена
Малата Лена, ќерката на актерскиот пар Емра Куртишова и Петар Стојанов, наполни две години и роденденот го прослави со најмилите во топла, семејна атмосфера. Роденденската забава изгледаше како бајка – со балони во розови и сини нијанси, насмевки насекаде и голема торта во форма на цртаниот лик Stitch, украсена со срценца и бројка „2“ на врвот.

Емра и Петар, кои важат за еден од најсимпатичните парови на домашната сцена, не ја криеја радоста додека ја гледаа својата ќерка како ужива во вниманието. Лена, облечена во нежна комбинација во пастелни тонови, беше вистинска мала дама, додека насмевките на нејзините родители зборуваа повеќе од илјада зборови.


На фотографиите што Емра ги сподели, може да се види дека ова семејство живее во хармонија, полни љубов и блискост. Малата Лена има нешто и од двојцата родители — изразот на очите и насмевката потсетуваат на татко ѝ Петар, додека шармот и нежноста несомнено ги наследила од мајка ѝ.


Семејството претходно беше фотографирано и на одмор, каде што топлината и блискоста меѓу нив зрачат и на секоја слика. Малата Лена расте во љубов, а секоја нејзина фотографија е како мало потсетување дека среќата често се крие во наједноставните моменти – во прегратка, во насмевка и во безгрижна детска радост.


РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм принтскрин