„Мамо, јас сум постојано тажен“: Исповед на мајка чиј син изгледал сосема нормално, а починал ден по матурската вечер и тоа поради ШОК причина
Кога ќе се каже дека нечија насмевка „ја осветлувала просторијата“, тоа најчесто звучи како фраза. Но кај Диган Волтон, 17-годишно момче од мала заедница во Мичиген, тоа e вистина.
Беше она момче кое знае да запее во автомобил, да се насмее гласно и да најде причина да биде подобар. Неговата мајка Лори секогаш вели: „Беше мој мал сопатник. Сè правевме заедно.“
Но есента 2023 година нешто тивко се промени. Истата насмевка, но во позадина — тишина. Прво пропуштен роденден, потоа дружење без него. Неколку дена подоцна, ѝ рекол: „Ми треба помош. Тажен сум цело време.“
Разговарале долго за училиштето, пријателствата и чувството дека е исклучен. Таа го слушала и внимателно го следела следните денови — дали јаде, спие, каде седи. Кратки моменти на радост, потоа повторно повлекување.
Вечерта пред трагедијата ја поминал со родителите. Вечера, филм, порака до мајка му: „Добро сум.“ Следното утро, 1 октомври 2023, требало да заминат на излет. Наместо тоа, светот застанал.
Тагата дошла прва. Потоа стигмата и прашањата кои многумина не знаат како да ги постават. Лори и нејзиниот сопруг решиле да не молчат. Да не кријат. Да ја кажат вистината, колку и да боли.
Првиот чекор бил училиштето — разговор со учениците и вклучување стручна помош. Не било лесно, но секој збор што го симнува товарот од нечија душа е важен. Лори порачува: зборувањето спасува животи, а молкот го прави товарот уште потежок.
Нивниот син решил да си го одземе животот поради длабока депресија, а причината ја побарале во училиштата.
Извор / Фото извор: ТикТок