Тамара Тодевска дефинира есенска елеганција: Во најстилскиот капут на сезоната за новиот едиторијал на Fashion Group
Со насмевка што плени и енергија што инспирира, една од најуспешните македонски пејачки - Тамара Тодевска е ѕвезда на ноемвриското издание на дигиталниот магазин Fashion Group.
По серија успешни настапи и проекти, Тамара повторно докажува дека стилот, талентот и искреноста се нејзин заштитен знак. На фотографиите за едиторијалот, таа блеска во најстилскиот капут од Hugo за оваа сезона, зрачејќи со самодоверба и автентичност.
„Ги живеам најдобрите години во мојата кариера“, искрено вели Тамара во интервјуто за магазинот, додавајќи дека најважно од сè е да се живее со полн здив и љубов кон секој момент.
Во ексклузивниот разговор за Fashion Group, пејачката отворено зборува за своите две деца, за љубовта, како и за најуспешните моменти што ја обликувале и како уметница и како жена.
Тамара Тодевска уште еднаш потсетува дека вистинската убавина лежи во искреноста, во силата да бидеш свој и во храброста да блеснеш — секогаш и на свој начин.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Fashion Group Macedonia/ Martin Trajanovski