Како да постигнете совршена фризура за сите пригоди со 3 едноставни додатоци за коса?

Добивај вести на Viber

Од класична машна до модерна claw шнола  - откријте три едноставни додатоци кои ќе ја направат вашата коса уредна, стилска и елегантна во секоја пригода.

Деновите кога машните, шнолите, омилените claw шноли  и слични детали беа резервирани само за посебни пригоди или лоши фризури се одамна минато. Денес, додатоците за коса се составен дел од секојдневниот живот - тие го воздигнуваат секој изглед и додаваат допир на разиграност, без оглед на пригодата.

За секој ден

Исто како што Брижит Бардо во филмот „Le Mépris“ на Жан-Лик Годар носи широка црна лента за коса - еден од иконските изгледи што е реинтерпретиран од многумина - и вие можете да ја подобрите вашата фризура на овој начин. Ако барате нешто што ќе ја држи вашата коса на место, побарајте инспирација од „Американската принцеза“ Керолин Бесет-Кенеди, позната по нејзините ресички со животински принт. А ако брзате, claw шнолите се одличен начин да ја стилизирате косата, без разлика дали одите на работа, на кафе или во теретана.

За посебни пригоди

Кога сакате поелегантен изглед, изберете додатоци како што се гумени ленти со метални детали, месингани шноли за коса кои изгледаат пософистицирани од пластичните и веднаш ја прават вашата фризура сè поуредна. Конечно, тука се и машните, или како шноли за коса или како гумени ленти, кои изгледаат особено убаво на кадрава коса.

За поздрава коса

Доколку сакате фризурата да изгледа уредно, а воедно да биде нежна кон вашата коса и да ја зачува нејзината структура, фризерите препорачуваат класични големи шноли за коса. За малку винтиџ дух, чешлите со кои можете дискретно да ја прицврстите косата се исто така одличен избор. Овие два додатоци ќе придонесат за специфичен и препознатлив изглед, а се и поздрава алтернатива на гумените ленти кои можат да предизвикаат кршење на косата. Затоа се идеални ако сакате да се грижите за вашата коса, а сепак да изгледате стилски.

Еве како сами дома да јпостигнете „The French Hair Pin“ со шнола за коса.

View this post on Instagram

A post shared by(@striiike)

Фото: Pinterest.com