Популарна пејачка настрада на бизарен начин пред очите на својата ќерка: Сега испиливаа фотографии и детали
Турската пејачка Гилу (Güllü) загина откако паднала од прозорецот на терасата од нејзиниот стан на петти кат во Јалова.
Обдукцијата потврди дека на телото нема траги на насилство.
Сега на интернет се појави снимка направена токму во ноќта на трагедијата, која открива дел од текот на настанот.
Спорните две минути
На социјалните мрежи се водеа бројни дискусии зошто недостига дел од снимката — двеминутен период од моментот кога пејачката излегла од бањата до нејзиниот пад. Истражителите утврдиле дека до прекинот дошло поради техничките карактеристики на сигурносната камера.
Камерата имала функција автоматски да ги потиснува музичките тонови и да ги засили човечките гласови. Затоа на снимката звуците од телевизорот биле пригушени, а гласовите на луѓето појасни.
Обдукцијата ја исклучи можноста за насилство
Според наодите од обдукцијата, на телото на Гилу не се пронајдени траги на траума или насилство. Повредите се во согласност со пад од голема висина.
Лизгав под од терасата
Истражителите дополнително утврдиле дека површината под терасата била свежо измиена со сапуница. Била земена изјава од лицето кое го чистело просторот, а се претпоставува дека пејачката ја загубила рамнотежата поради лизгавиот под.
Сведоштвото на ќерката
Ќерката на пејачката, Тујан Улкем, изјавила пред обвинителството:
„Таа вечер, на 26 септември, вечеравме дома и гледавме филм. Подоцна, околу 1:20 часот, мојата другарка Султан и јас отидовме во собата. Мајка ми влезе кај нас и почна да игра на ромска музика. Додека играше, се лизнa и падна низ отворениот прозорец,“ раскажала Тујан.
Гилу беше позната по ромските мелодии во деведесеттите и почина на 51-годишна возраст. Нејзиниот син ги демантираше шпекулациите за можност од самоубиство.