Кратки шорцеви и пуфкасти високи потпетици: Јелена Карлеуша во модно есенско комбо

Добивај вести на Viber

Пејачката Јелена Карлеуша одлучи да се прошета низ центарот на Белград во изглед кој ги привлече сите погледи.

Во свој стил, таа избра атрактивен комплет - кратки шорцеви и јакна со крзнени детали. Сето тоа го комбинираше со пуфкаста чанта и виоски потпетици од вештачко крзно.

Јелена Карлеуша се прошета низ најпопуларната улица на Белград, „Кнез Михајлова“, а минувачите ја следеа. Тие дојдоа да се фотографираат со неа, побараа автограми, се снимаа за TikTok и социјалните мрежи.


Интересно е што ѝ приоѓаа луѓе од сите возрасти - деца, девојки, постари жени, како и мажи, кои ѝ ја бакнуваа раката.

- Денес решив да прошетам во центарот на Белград и ја почувствував љубовта на жителите на Белград. Снимките се нереални - пејачката Јелена Карлеуша ги сподели своите искуства.

Нејзините фотографии од центарот се појавија на социјалните мрежи и на страниците на обожавателите.

Фото: Фејсбук
Извор: Telegraf.rs