ГОЛЕМ РАСТ НА БРОЈОТ НА ЛИЦА КОИ „ФАТИЛЕ“ ГРИП И СЛИЧНИ БОЛЕСТИ - скоро 65 проценти повеќе заразени

Добивај вести на Viber


Во текот на 43. недела од 2025 година - од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

- За споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица - зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто - појаснија од ИЈЗ.

Заболените лица оваа недела биле регистрирани во Гостивар - 20, Куманово - 15, Прилеп - 7, Тетово и Радовиш - по 5, Струмица и Македонски Брод - по 2, според податоците на ИЈЗ.

- Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години - 5, од 5-14 години - 2 лица и од 0-4 години - едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип - потенцираа од ИЈЗ.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 244, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи бил зголемен за 64,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирало зголемување од 21,9 отсто.

Детали на ФАКТОР ТУКА.