Сара Климоска во бордо совршенство и леопардов гламур: Дефиниција за елеганција на црвениот килим на Adriatic Film Awards

Добивај вести на Viber

Mакедонската актерка Сара Климоска блесна во два извонредни изгледи на Adriatic film awards, фестивал за најдобрите филмски и ТВ приказни од Јадранскиот регион, кој се одржа од 24 до 26 октомври во Порто Монтенегро.

Сара ја имаше честа да му ја додели наградата за најдобар главен актер на Драган Маќановиќ за неговата улога во телевизиската серија во ТВ серија „Сабља“.

View this post on Instagram

A post shared by Adriatic Film Awards  (@adriaticfilmawards)

„Благодарна за ваквите магични ноќи. Ти благодарам „Terziya“ за фустаните од соништата и Аdriatic Film Awards за прекрасното искуство“, напиша Сара на објавата.

Серијата „Сабља“ е српска политичко-драматична и биографска телевизиска серија од 2024 година, снимена во текот на 2023 година. Врз основа на полициската операција „Сабља“ по која е именувана, заплетот на серијата го опфаќа политичкиот период во Србија од 2000 до 2003 година, со посебен фокус на атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ и полициската истрага за вмешаноста на Земунскиот клан и Единицата за специјални операции во атентатот.

View this post on Instagram

A post shared by Sara Klimoska (@sara_klimoska)

На истоимениот филмски фестивал серијата беше прогласена за најдобра, додека актерката Милица Гојковиќ ја доби наградата за најдобра главна актерка во оваа тв серија.

Елеганција во вино нијанса

Сара Климоска блесна на црвениот килим во сензуален и истовремено софистициран фустан во длабока бордо боја. Со прецизно кроен силуетен крој и впечатлив изрез на половината, фустанот совршено ја истакнува нејзината фигура, додека долгите ракави со драматичен пад додаваат допир на холивудски гламур. Минималниот стајлинг и природниот изглед на косата и шминката ѝ даваат модерен баланс – комбинација на елеганција и младешка свежина.

Смела и непокорна во животински принт

За втората вечер, актерката одбра храбар и впечатлив изглед – фустан со леопардов принт и длабоко V-деколте. Овој дизајн пренесува моќ, самодоверба и автентичност, а контрастот меѓу принтот и минималните детали (тенок црн ремен и едноставна фризура) создава современ моден баланс. Сара со овој избор покажува дека знае да носи и авангардни, сценски силни парчиња без да изгуби на елеганција.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм