Вегета заблеска на Тајмс Сквер - Зајакнување на меѓународното присуство и глобалната препознатливост на Вегета и Подравка

Добивај вести на Viber

Вегета, додаток на јадења број 1 во Европа* и еден од најпознатите хрватски брендови, овие денови заблеска на легендарниот Тајмс Сквер во Њујорк – светското средиште на рекламирањето и место каде се претставуваат водечките глобални брендови.
Оваа активност дополнително ја потврдува глобалната сила и препознатливост на Вегета, бренд кој во текот на повеќе од 65 години стана неизоставен дел од кујните ширум светот. Присуството на Вегета на Тајмс Сквер симболично ја одразува нејзината позиција како бренд што ги спојува вкусовите, културите и генерациите, со гордост носејќи хрватски квалитет на меѓународната сцена.

„Кампањата на Вегета на Тајмс Сквер претставува силен показател за зајакнување на нејзиното присуство на најголемиот светски пазар и е резултат на посветената работа и соработката на нашите тимови на терен и во седиштето. Истовремено, дополнително ја потврдува нашата посветеност кон стратешката цел – Вегета да стане глобално препознатлив бренд,“ истакна Крунослав Бешвир, главен директор за деловни програми на Подравка и директор на деловната програма Кулинарство.


Вегета, бренд кој инспирира потрошувачи во повеќе од 60 земји ширум светот, со овој проект дополнително ја зацврстува својата позиција како модерен кулинарски бренд, предводник на иновации и симбол на врвен квалитет.

*Според Нилсен

ПР објава