Љубов како од филм: Емакулате му напиша роденденска порака на сопругот Михајло која ги освои сите

Добивај вести на Viber

Кениската снаа во Скопје, Емакулате, му упати емотивна роденденска честитка на својот сопруг Михајло Блажески, со кого ја има ќерката Дариа. На социјалните мрежи таа објави заедничка фотографија и порака полна љубов, благодарност и почит.

„Среќен роденден на најдушевната и најљубовна личност што сум ја сретнала. Толку сум благодарна што си дел од мојот живот и што заедно одиме напред, рамо до рамо,“ напиша Емакулате.


Во продолжение, таа откри дека со Михајло чувствува вистинска слобода и прифаќање:
„Со тебе се чувствувам своја, слободна да го следам своето срце и лудите идеи, без потреба да објаснувам или да се чувствувам непријатно. Таквата љубов е ретка, и ја ценам секој ден.“

Пораката ја заокружи со желба нивната љубов да трае засекогаш:
„Се надевам дека животот ќе биде доволно добар за да ни дозволи да остариме заедно, рака под рака, смеeјќи се, сонувајќи, и секогаш наоѓајќи утеха еден во друг. Ти благодарам што постоиш. Те сакам бескрајно.“

Со оваа искрена и топла порака, Емакулате уште еднаш ја покажа силата на нивната љубовна врска која инспирира многумина.

Не знаев каде е Македонија пред да го запознаам мојот сопруг: Кенијката Емакулате за бракот со Мики и животот во Скопје

РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм