Луѓето на Балканот се освестуваат после 40та година дека имаат промашени животи: Данијела Остојиќ со психилошко објаснување на насилството и зголемената стапка на болести кај нас
Мажите и жените се жртви на балканските уверувања кои носат кон погрешни одлуки е една од тезите на која Данијела Остојиќ, босански клинички психолог ја гради својата теорија.
Според неа, постојат длабоко всадени образци и уверувања во колективното несвесно на цел еден народ кој се пренесува генерациски преку воспитание и образование на младината. Додека некои популарно го нарекуваат менталитет, психолозите, на чело со Карл Густав Гунг зборуваат за колективното несвесно.
Погрогешните уверувања активираат емоции кои луѓето не ги разбираат и генерално на Балканот владее неукост во поглед на емоционалната интелигенција, тврди Остојиќ.
Викедов, како дел од турнеја низ Балканот, каде држи предавања и колективна психотерапија за заинтересираните, таа беше гостинка и во Скопје, каде во преполна сала одржа конференција за .т.н Балкански уверувања.

Што се балкански уверувања?
Збир од идеи, со кои луѓето од овој регион силно се врзуваат, дури и водат од нив, Данијела Остојиќ ги нарекува балкански уверувања. Таа вели дека своето учење, односно теорија ја фундира на научната теорија во психологијата, но и на својата клиничка пракса.
Во текот на своето долгогодишно работно искуство на оддел за психијатрија, во својство на клинички психолог, но и денеска како психолог од приватната пракса, таа често среќава жени по своите 40 години, кои развиваат неврози, дури и психози, зошто почнуваат да се освестуваат дека цел живот живееле во некој научен механизам, кој не им ги задоволил основните психолошки, емоционални и духовни потреби.
Таа го спомена и примерот со свој пациент, кој во петата деценија од својот живот се освестил дека целиот живот му е составен од погрешни избори. Иако е лекар специјалист, на изборот на неговата професија влијаело тоа што неговите родители исто така биле лекари и тој бил подготвуван од најмали нозе да ја преземе приватната клиника на својот татко.
Како успешен млад лекар на специјализација, запознал љубезна жена која му станала драга и ги задоволувала неговите огледи на бракот, со која стапил во брак, добил две деца и кога дошол во некои години каде сознанието за конечноста се повеќе му тропа на врата, сфатил дека сите избори кои претходно ги направил не ги направил со негова СВЕСНА согласност. Сега ја работи професијата што не ја сака, живее во брак со жена која не ја ни познава, има доволно години и куп неодговорени прашања, истакна Остојиќ на конференцијата.
Тој пример од нејзината пракса го издвои како еклатантен пример за човек кој е директна жртва на балканските уверувања, кои се асптрактна маса на идеи што генерациски се пренесуваат по инерција и покрај тоа што во пракса луѓето чувствуваат дека тие уверувања не им служат, но тука се да ја задоволат средината, да не ги повредат чувствата на другите и пред сѐ да живеат по начелата на некоја етика која воопшто и не ја разбираат.

Емоциите не се проблем
Мажите, како и жените според Остојиќ се еднакви жртви на балканските уверувања иако наизглед оваа општество кое таа го нарекува балканско општество делува како патријархално општество во кое мажите имаат привилегии. Всушност мажите се соочуваат со страшен притисок да ги менаџираат емоциите, да ги потиснуваат, што кај нив раѓа фрустрација, а фрустрацијата носи кон агресивно однесување. На овој прицнип Остојиќ го објаснува и семејното насилство на Балканот.
Жените, пак, живеат во илузија дека нивните потреби треба да се подредени на потребите на децата, сопругот, семејството, работата. Како и секое човечко битие, така и жените имаат свои потреби, пред сѐ да се занимиваат со себе, со своето психолошко и духовно јас, да поставуваат прашања и трагаат по одговори.
Кога овој момент го нема, туку се ставаат во служба на потребите на децата најчесто, тоа сигурно произведува проблеми со тироидна жлезда, рак на дојка (чија стапка е во пораст) и други малигни заболувања кои директно произлегуваат од нејасно изразените емоции, количината на фрустрации и незадоволените потреби.
Човекот според неа е психосоматско суштество и голем број од телесните недостатоци произлегуваат токму од психичкото битие на човекот.

Научна димензија
Остојиќ комбинира неколку методи. Својата теорија ја заснова на психоанализата особено на анализа на содржините од несвесното преку соништа, хуманистичката психологија која говори за потребите, бихејворијалните аспекти кои говорат за каузалната врска помеѓу стимулот и однесувањето, како и когнитивната психологија која говори за свесно и целно справување со содржините од несвесното.
Нејзиниот пристап е комплексен, научно издржан и поткрепен со клиничка пракса.
Фото / Видео: РЖМ - M.С.К и И.С
Текст: Магдалена Стојмановиќ - Константинов