Два потенцијално најопасни вулкани покажуваат активност во Грција: Еве што тоа значи за Македонија
Почетокот на годината го нарушија серија потреси на Санторини, остров кој лежи на работ на една од најактивните вулкански зони во Европа.
За многумина тоа беше само уште едно тресење на земјата, но за научниците — сигнал дека под површината нешто се случува.
Санторини е создаден од голема ерупција пред повеќе од 3.500 години, која го промени Егејот и придонесе за падот на Минојската цивилизација. Денес, истражувањата откриваат дека калдерата на Санторини не е изолиран вулкан, туку е поврзана со вулканот Колумбо, кој се наоѓа само седум километри под морската површина и последен пат ерупирал во 1650 година.
Научници од германскиот Helmholtz центар и сеизмолошки станици откриле дека двете вулкански структури споделуваат заедничка подземна магматска мрежа. Промената на притисок во еден вулкан може да предизвика реакција во другиот.
Од јули 2024 година земјата на Санторини почнала да се издига, а на почетокот на 2025 година биле регистрирани серија мали потреси што се движеле кон Колумбо. GPS мерењата покажале синхронизирани промени кај двата вулкана — клучен доказ дека станува збор за поврзан систем.
Иако засега нема знаци на непосредна ерупција, експертите предупредуваат дека овие промени се рана најава на зголемена активност. Под мирната сина површина на Егејот и белите ѕидови на Санторини, сè уште чука вулканско „срце“ што еднаш веќе ја променило историјата на Земјата, а Македонија не е далеку, па тектонски промени не се исклучени и кај нас.
Извор / Фото извор: Freepik