Ова е „дамата херој“ од Кочанската болница: Неуморно им укажуваше помош на повредените во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“
Познатиот македонски маратонец Игор Јакимовски сподели емотивна објава на социјалните мрежи, посветена на Милена Димитровска — млада медицинска сестра од Кочанската болница, која ноќта на 16 март беше дел од тимот што им укажуваше итна помош на повредените во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“.
„Конечно, после седум месеци од кобниот 16 март, ја пронајдов дамата херој од Кочанската болница. Од рано наутро до полноќ, Милена во улога на медицинска сестра без ниту една пауза укажуваше прва помош на сите кои имаа неопходна потреба на лице место. Смирено, професионално, пожртвувано, храбро, хумано и крајно стручно“, напиша Јакимовски во објавата, придружена со фотографија на која е заедно со Милена.
Тој јавно ѝ оддаде признание и благодарност за нејзината пожртвуваност и човечност во најтешките моменти, додавајќи:
„Јавно ѝ оддавам почит и благодарност за сè што направи во Кочанската болница на 16 март. Почит до небо.“
Објавата на Јакимовски предизвика бројни реакции и коментари со поддршка и благодарност до медицинските работници кои без двоумење ги ставаат животите на граѓаните на прво место.
РЖМ- Г.Д.Г
Фото: Фејсбук