По 10 години врска, Саша Ковачевиќ клекна на колена и ѝ даде прстен на саканата - ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ (40), познат по бројните балади што ги освоија срцата на публиката низ целиот регион, реши да сврти нова страница во својот приватен живот. По речиси десет години врска, тој ја побара за сопруга долгогодишната партнерка Зорана Тасовац, а среќната вест ја сподели со своите обожаватели на Инстаграм.


„Моја,си денес, моја си утре!“ пишува во описот на видеото.


„Честитки од дното на моето срце“, „Конечно клекна на едно колено. Среќно“, се само дел од коментарите под објавата. На честитката се придружија многу познати личности, меѓу кои и пејачката Наташа Беквалац (45).

View this post on Instagram

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)



Иако двојката сè уште не ги открила деталите, Ковачевиќ претходно оваа година навести за Telegraf.rs дека свадбата би можела да се случи наскоро.

„Можно е свадбата да се одржи оваа година. Па, сега го кажав тоа, па да ја затвориме таа тема. Нешто убаво сигурно се подготвува, но не би сакал да зборувам за деталите“, изјави пејачот за гореспоменатите медиуми.

Да ве потсетиме дека љубовната приказна на Саша и Зорана започна преку социјалните мрежи, а пејачот често истакнува дека Зорана е негова најголема поддржувачка. Заедно ја одгледуваат ќерката на Зорана, Искра, од нејзината претходна врска со Богдан Срејовиќ.


РЖМ/ИС - ФОТО: Printscreen instagram