Ја преживеа трагедијата во Кочани, ги изгуби најмилите, смогна сили за понатаму а денеска го слави својот роденден
 
                    Денес, Ана Костадиновска го одбележува својот роденден – ден исполнет со емоции, благодарност и нова надеж. За многумина, Ана е симбол на сила и издржливост, жена која преживеа една од најтешките трагедии што ја потресоа Македонија – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Животот понекогаш знае да биде суров, но токму низ тие најтешки искушенија се раѓа најголемата благодарност кон него. Така е и со Ана Костадиновска, жена која помина низ болка што малкумина би можеле да ја издржат, но која денес е жива потврда дека секој нов ден е дар. По трагедијата, каде што ги изгуби своите блиски пријатели и колеги со кои ја делеше сцената и љубовта кон музиката, Ана научи дека животот нема реприза – дека секој миг е важен и дека секое утро е нова шанса да се дише, да се сака и да се пее.
Иако во срцето ѝ остана болката за оние што заминаа прерано, таа нивниот спомен го носи со достоинство и љубов. Тие живеат преку неа – во секој тон, во секој стих, во секој аплауз што го добива. 
Денес, повеќе од кога било, Ана има причина да му се радува на животот. Опкружена со своите најблиски, со ќерка ѝ Марта и мајка ѝ Кармен, таа го слави не само својот роденден, туку и фактот дека е животна победничка – жена која ја претвори болката во сила.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм
Како сестри и на сцената и приватно: Приказна за придружните вокали Ана и Сара
 
                     
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                            