„Jawline Bob“: Идеалната фризура за наредните месеци
Сакате да го освежите вашиот изглед за претстојната зима? Совршен избор е краток боб кој достигнува до висина на брадата.
„Jawline Bob“ е стилски, практична, остра и едноставно совршена фризура за постудените месеци. Спротивно на популарното мислење, кратката фризура е совршена за претстојната сезона, бидејќи во летната жештина е многу поудобно - и попрактично за нас - да ја држиме косата крената отколку да ни падне околу вратот.
Со ролките и шаловите што ќе почнеме да ги носиме, бобот целосно се издвојува, а Jawline Bob уште повеќе бидејќи запира веднаш над вратот.
Идеален избор е за сите жени со тенка и права или брановидна коса, но со вистинскиот професионалец, сите жени можат да си ја дозволат оваа трендовска фризура. Плус, изгледа совршено со пократки или подолги шишки!
Во галеријата, видете како трендовските девојки ја носат најмодерната фризура во сезоната. Зачувајте ја вашата омилена фотографија и покажете му ја на вашиот фризер следниот пат кога ќе одите во салон.









РЖМ/ИС - ФОТО: instagram/rianne.meijer/