Што бара Град Скопје од фирмите за украсување – Ќе имаат краток рок да донесат новогодишен „дух“ за 70 илјади евра
Под „ѕвездено небо“ на 800 метри квадратни, со 3Д мече и 3Д ѕвезди, светлечки подароци од четири мтери и елка од најмалку 13 метри, Град Скопје ќе се обиде да го врати новогодишниот дух на Скопје кој со години беше изгубен. Тендерот е распишан пред пет дена, а крајниот рок на него да се јават фирми е 4 декември, само 11 дена пред крајниот датум кога Скопје треба да блесне предноводишно.
Барањата на Градот се специфични - Новогодишна елка висока најмалку 13 метри, изработена од метална конструкција, вештачко зеленило и ЛЕД украси со бели блицеви. 3Д мече со димензии 4х4 метри, три светлечки подароци високи до 4 метри, метална рамка Дедо Мраз висока 5 метри, алуминиумски 3Д ѕвезди од 3 и 4 метри, но и „ѕвездено небо“ од ЛЕД мразулци над површина од најмалку 800 м². Предвидена е и опшивка на канделабрите со светлосни лед сијалици.
Но, се бара и исполнување на неколку услови за фирма која ќе сака да го украсува Скопје. Треба да има реализирано најмалку три договори за новогодишно украсување, во последните три години, со вкупна вредност на договорите од минимум 10.000.000,00 денари со ДДВ, од кои најмалку еден реализиран договор за извршување на предметната област да биде на износ од најмалку 3.500.000,00 денари со ДДВ, со доставување на потврда за извршени услуги.
Освен Плоштадот „Македонија“, ќе се украсуваат и неколку улици и булевари...а сите детали читајте ги на ФАКТОР ТУКА.