Ќе се јаде ли гиро ова лето: Цените во Грција се драстично променети, а еве на кои дестинации се најпристапните понуди

Добивај вести на Viber

Цените на гиро во Грција во 2025 година варираат во зависност од локацијата, типот на оброкот, но и периодот на туристичката сезона. 

Доколку јадете во ресторан, можете да добиете комбо пакети кои вклучуваат пијалок, или едноставно да купите гиро во некој ресторан за брза храна и да го јадете на отворено. Секое задоволство се плаќа, а ако сте на полуксузните дестинации секако и цените се повисоки. 
Исто така, голема е разликата во цени дали одите на почетокот или на крајот од летната сезона. Општо е познато дека цените на сите производи се многу пониски доколку патувате во мај и почеток на јуни, или ако се одлучите за есенската опција, да патувате во септември. 

Freepik
Ви приложуваме листа на цени кои вообичаено се наоѓаат испишани на страниците од мениата, долж туристичките дестинации во Грција

  • Пита гиро (сендвич): 3,00 – 4,50 евра односно од 180 до 270 денари.
  • Порција гиро (во чинија): 7,00 – 10,00 евра односно од 420 до 600 денари. 
  • Суфлаки пита: 3,00 – 4,00 евра, односно од 180 до 240 денари.
  • Оброк во поевтини ресторани: 15,00 – 20,00 евра, односно од 900 до 1200 денари.
  • Оброк во поскапи ресторани: 30,00 – 50,00 евра, односно од 1800 до 3000 денари. 

Локации со пониски цени

Во некои помали туристички места, како Паралија, Пефкохори, Неа Врасна, Олимпик Бич и Неа Пори, можете да најдете гиро пити по цена од 1,50 до 3,00 евра. Порциите во овие области се во опсег од 4,00 до 7,00 евра. 

Freepik

Локации со повисоки цени

Туристичките дестинации како Санторини, Миконоси, Тасос, Ротос и Хиос имаат повисоки цени. Таму, гиро пити може да достигнат до 7,00 евра, а порциите до 12,00 евра. 

Препораки

Планирајте однапред: Цените можат да се разликуваат значително помеѓу различни локации.

Избегнувајте туристички центри: Ресторани и таверни во непосредна близина на главните туристички атракции често имаат повисоки цени.

Пробајте локални ресторани: Местата кои се популарни меѓу локалното население обично нудат поевтини и поквалитетни оброци.

Извор: Esspreso, Nova