Нема веќе двојна брада: Нејзината трансформација го воодушеви светот - „Изгубив повеќе од 40 килограми, луѓето не ме препознаваат“

Нејзината неверојатна трансформација ги запали социјалните мрежи и остави многумина во шок
Мајката и инфлуенсерката Кива Вајт (26) претрпе радикална промена во животот по операцијата на гастричен бајпас пред девет месеци, напуштајќи ја својата навика да консумира дури 10.000 калории дневно. Нејзината неверојатна трансформација ги запали социјалните мрежи и остави многумина во шок, пишува Daily Star.
Кива ја откри својата приказна на TikTok каде покажа како успеала да изгуби повеќе од 40 килограми.
„Бев заробена во моето тело и во чувствата. Јадев огромни количини храна, бев уморна, го мразев секој дел од мене и не сакав да излезам од дома. Бев психички скршена“, вели Кива за периодот пред да донесе одлука да го промени својот живот.
Пред операцијата, Кива имала 127 килограми, а денес ослабела на 89, со што радикално ги променила прехранбените навики.
„Отпрвин не верував дека ќе успеам, но сега ги гледам резултатите. Ги намалив порциите, го зголемив внесот на протеини и престанав да нарачувам испорака. Сега јадам повеќе јајца, пилешко, риба и консумирам јаглехидрати во минимални количини“, вели таа.
Нејзината промена ја поддржуваат и нејзините следбеници, кои се воодушевени од нејзината упорност. „Нема веќе двојна брада. Ова е мојот нов почеток, кога ослабев 41 килограм“, објаснува Кива. Сепак, таа не се откажува од се. „Одвреме-навреме си дозволувам ужина, но не сум на диета, само го променив мојот начин на живот“, додава таа.
Со мултивитамини, биотин и колаген кои и помагаат да одржи здрава кожа, Кива вели: „Не плашете се да направите чекор кон подобра верзија од себе, без оглед на тоа што мислат другите. Ако можам јас, секој може!“
По нејзината трансформација, луѓето повеќе не ја препознаваа.
„Ми падна вилицата... ти си убава без оглед на дебелината“, коментираат нејзините обожаватели, додека Кива ја покажа својата неверојатна трансформација на својот профил на TikTok, инспирирајќи многумина да преземат контрола над своето здравје.
ФОТО: Printscreen/Youtube/tiktok