Се „стопи“: Ова е ДИЕТАТА на Наташа Беквалац - сподели совети како да изгубите 10 кг. без строг режим и гладување

Наташа Беквалац, една од најатрактивните и најхаризматичните пејачки на регионалната музичка сцена, со години плени не само со гласот, туку и со својот беспрекорен изглед.
Иако нејзиниот физички изглед често е тема на медиумски натписи, таа еднаш отворено ја сподели тајната на нејзината виткост - диета која и помогнала да изгуби дури 10 килограми и да ја одржи фигурата под 60 килограми.
Диетата на Наташа Беквалац - Како пејачката ослабе 10 килограми и ја задржа витката линија
Исхраната на Наташа Беквалац се заснова на намален внес на јаглехидрати, додека одржува рамнотежа помеѓу протеините и зеленчукот. Планот што го практикува не е комплициран, а дизајниран е да биде лесен за следење во текот на целата недела, со еден ден одвоен за релаксација и таканаречена „пауза“.
Во секојдневната исхрана Наташа претпочита не толку мрсно месо, јајца, млечни производи со низок процент на јаглехидрати, зелен зеленчук и јаткасти плодови.
Освен тоа, внесува и големи количини вода, што дополнително придонесува за детоксикација на организмот. Од друга страна, целосно ги елиминира пецива, тестенини, компири, ориз, соја, грав, грашок, овошје (освен во недела), грицки, слатки и индустриски сокови.
Пејачката тврди дека со овој режим во рок од еден месец може да се симнат и до 10 килограми, а она што дополнително го истакнува е дека исхраната на Наташа Беквалац е внимателно дизајнирана да ги согорува масните наслаги на таргетиран начин, а притоа да ја зачува мускулната маса - што е особено важно за долгорочни резултати и здравје.
Комбинирајќи го овој начин на исхрана со редовен тренинг, Наташа не само што ја одржува витката линија, туку и мотивира многумина повеќе да се грижат за своето тело и начин на живот. За оние кои бараат едноставен, но ефективен план за исхрана - диетата на Наташа Беквалац може да биде вистински поттик.
Извор: svet-scandal