„Ако го имате дома веднаш исфрлете го“: Издадено ИТНО соопштение за козметички производ кој го користат жените

Добивај вести на Viber

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправен козметички производ – средство за отстранување шминка, и нареди негово повлекување од продажба поради микробиолошки ризик.

Станува збор за производот Lait démaquillant douceur, средство за вадење шминка кое се продава во шише од 250 ml.

Во соопштението се наведува дека производот е контаминиран со бактеријата Burkholderia cepacia, која може да предизвика заболувања кај одредени потрошувачи, особено кај лица со ослабен имунолошки систем.

ec.europa.eu

Што е Burkholderia cepacia?

Burkholderia cepacia е бактерија која природно се наоѓа во почвата и водата, но може да ја контаминира и козметиката и медицинските производи. 

Кај здрави лица обично не предизвикува проблеми, но кај лица со ослабен имунитет, особено болни од цистична фиброза или хронични белодробни заболувања, може да предизвика сериозни инфекции на белите дробови или крвотокот. 

Дополнителна опасност претставува тоа што е отпорна на бројни антибиотици и дезинфекциски средства.

Податоци за производот

Назив на производ Lait démaquillant douceur

Бренд CARREFOUR SOFT

Сериски броеви 5022112 / 5022121

Бар-код 3560071324988

Поради утврдениот ризик, производот е веднаш повлечен од пазарот и не се препорачува негова употреба.

Ако го имате овој производ, се советува веднаш да престанете да го користите и да го вратите на местото на купување.

Извор: Телеграф