Ана Костадиновска од ДНК покажа колку ѝ е тешко без загинатата другарка Сара: „Засекогаш заедно“

Добивај вести на Viber

Ана Костадиновска, професор по музика, една од најдобрите придружни вокали во земјава, придружен вокал на бендот „ДНК“ е една од преживеаните во несреќата, која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

Во пожарот, Костадиновска остана без голем дел од своите колеги, а со своите објави на социјалните мрежи секојдневно го одржува споменот на загинатата Сара Пројковска. 

Ана Костадиновска и Сара Пројковска беа неразделни другарки и колешки, а колку ѝ е тешко без својата другарка Сара, Костадиновска покажа со вчерашната објава на социјалната мрежа „Фејсбук“. 

На нејзиниот профил секоја објава после трагедијата во Кочани е посветена на одржување на спомен кон загинатите колеги, а на профилната слика може да се видат Ана и Сара како позираат заедно во среќните моменти од минатото. 

„Засекогаш заедно“ гласеше еден од коментарите на објавата на Костадиновска на „Фејсбук“. 

Извор: Фејсбук