Животна училница // Исповед
„Беше помодрен и не дишеше“: Ова е херојот кој спаси две дечиња од давање во базен

На базенот во Ќуприја, Србија, се одиграла вистинска драма кога две мали деца, на возраст од три до четири години, се давеле, а едното од нив престанало да дише и не покажувало знаци на живот.
Случајниот херој на денот бил Немања Филиповиќ (27) од Параќин, медицински техничар вработен во Ургентниот центар, кој му го спасил животот на едно од децата.
„Сосема случајно се најдов таму, отидов да купам сладолед. Го слушнав врисокот и видов како извлекуваат две деца од водата. Едното се закашла, а другото беше модро, без свест и не дишеше“, раскажува Немања.
Без двоумење, започнал со реанимација. По половина минута пристигнал и спасувачот Марко, па заедно продолжиле со обидите да го вратат детето во живот. Немања давал вештачко дишење, а спасувачот му го масирал срцето. Реанимацијата траела речиси 10 минути, а секунда била борба меѓу надежта и стравот.
„Кога конечно сѐ врати во живот, почна да повраќа и доби боја во лицето. Во тој момент пристигна и Брза помош. Детето е префрлено во болница во Белград и е во стабилна состојба“, вели храбриот техничар.
Немања упати апел до сите родители: „Не ги тргнувајте очите од вашите деца ни за секунда. За несреќа е доволен само еден момент на невнимание.“
Овој случај уште еднаш ја потврдува важноста на брза реакција, хуманост и основно знаење за прва помош, кое може да спаси живот.
Извор: Kurir.rs
Foto: Privatna Arhiva, Screenshot YT