„Цигани не примаме“: Самохран татко побарал живеалиште под кирија, а за возврат бил брутално навреден

Самохран татко, кој живее на работ на сиромаштија со своите две дечиња, решил да се бори со животот чесно – не барал милосрдие, туку шанса.
Со поддршка од граѓанското здружение „Новинари за човекови права“, тој направил неколку храбри чекори: нашол чесна работа, обезбедил редовни приходи и конечно добил можност да им понуди стабилен дом на своите најмили.
По долго чекање, денот кога требаше да го види новото живеалиште и да го добие клучот во рака, за него значел нов почеток. Но, надежта била сурово срушена – сопственикот на станот го дочекал со навреди и го одбил со зборовите: „Цигани не примаме.“
Веста за оваа срамна дискриминација ја пренесе здружението „Новинари за човекови права“, укажувајќи на болната реалност со која се соочуваат маргинализираните семејства во Македонија. И покрај сите напори за подобар живот, предрасудите сè уште ги затвораат вратите пред оние кои најмногу се борат.
Оваа приказна е повик до општеството – за еднакви шанси, достоинство и правда за сите, без разлика на потекло или етничка припадност.
Фото: EPPA