„Дали постои совршена жена“: Бајага го даде ОВОЈ уникатен одговор со кој ги стопли срцата на понежниот пол

Добивај вести на Viber

Бајага е познат по мелодичниот поп-рок звук со влијанија од новиот бран, како и по лирските и често романтични текстови. 

Неговиот стил е многу достапен за пошироката публика, што го направи исклучително популарен низ целиот регион. Во неговите романтични текстови често пее за загуба на љубов, за љубовните страдања, или ја прикажува емотивната суштина на односот на еден маж со жена. 

Жената како субејкт низ призма на љубовта често е застапена низ стиховите на Бајага. Но сега тој објави интересно гледиште за тоа дали постои „совршена жена“ и тој свој став го сподели како објава со својата публика на фејсбук профилот на кој е прилично активен. 

На прашањето дали постои совршена жена? „Кому му е грижа за совршенството? Дури и месечината не е совршена, таа е полна со кратери. Морето е неверојатно убаво, но солено и темно во длабочините. Небото е секогаш бесконечно, но често е облачно. Значи, сè што е убаво не е совршено, тоа е посебно. Затоа, секоја жена може да биде посебна за некого. Престанете да бидете „совршени“ и обидете се да живеете слободно, правејќи го она што го сакате, не обидувајќи се да ги импресионирате другите“, напиша Бајага. 

Оваа негова објава наиде на голем број позитивни реакции осбено кај припадничките на понежниот пол. Жените му се заблагодаруваа на Бајага за поддршката што им ја изразил преку овој краток приказ на „совршена жена“ и ги охрабрил да бидат свои во борбата против општествените стандарди. 

М.С.К