„Не беше несреќен случај, се обидоа да ме убијат“: По три месеци борба Марија се разбуди од кома, па проговори

Добивај вести на Viber

Моделката Марија Коваљчук, која на 12 март беше пронајдена тешко повредена покрај пат во Дубаи, по неколку недели кома конечно се разбуди и го даде својот прв интервју.

 Таа почнала да се сеќава на кобната ноќ, а нејзиното сведоштво уште повеќе ги вознемири најблиските – потврдувајќи ги сомнежите дека не станува збор за несреќа, туку за брутално насилство.

Марија раскажува дека ноќта на исчезнувањето била во друштво со тројца луѓе – Милена Долганова, Артем и Александар. 

YT printscreen

Атмосферата набргу станала застрашувачка: скршени шишиња, стакло на подот, закани... Обидот за бегство од хотелската соба завршил со тоа што ја вратиле назад. На крај, успеала да излезе, но нејзините следни сеќавања се нејасни.

Оттогаш поминала низ пет тешки операции, со дијагностицирани фрактури и оштетување на кичмата. Состојбата ѝ е сè уште тешка, а претстојат уште најмалку две хируршки интервенции и долга рехабилитација.

И покрај сведочењето, властите во Дубаи не ја исклучуваат можноста за обид за самоубиство, тврдејќи дека Марија била забележана во хистерија на градилиште.

 Нејзиното семејство остро го негира тоа и верува дека таа била нападната и фрлена, а случајот се прикрива. Тие бараат правда и одговори на многу отворени прашања.

Извор: Блиц

Фото: YT printscreen

Извор: