„НЕ ГО УБИВ!“ Мајка, 15 години по исчезнувањето на синот Ѓорѓе, откри што ѝ рекол кобниот ден

На 22 јули 2010 година исчезнува 13-годишниот Ѓорѓе Андрејиќ од селото Мајиловац, Србија.
Последен пат бил со мајка му Марина, кога заедно заминале во семејната градина. Неколку дена подоцна, таа боса, со повредена нога, била пронајдена како лута кон блискиот манастир. Од Ѓорѓе немало ни трага ни глас.
Марина била веднаш обвинета за убиство. Под притисок, физички и психички малтретирана од полицијата, таа признала, но подоцна го повлекла признанието, тврдејќи дека ѝ било изнудено. Поминала 703 дена во притвор, а нејзиното судење траело со години.
Клучен момент бил кога по три месеци од исчезнувањето бил пронајден детски череп , за кој првично се тврдеше дека е на Ѓорѓе. Подоцна, независни експерти утврдиле дека черепот бил избелен со хемикалии и дека сите траги биле уништени. Судот одбил да ја спореди со неговиот стоматолошки картон.
Во 2015 година, Апелациониот суд во Белград ја ослободи Марина Андрејиќ, заклучувајќи дека телото било подметнато и дека признанието е невалидно. Но, и по 15 години, судбината на Ѓорѓе останува непозната.
Марина денес живее сама, осудена од јавноста и без можност за нормален живот. „Никој не ми веруваше, само мојот покоен сопруг. Сѐ уште не знам што се случи тој ден. Само сакам да ја дознаам вистината“, вели таа со солзи.
Нејзиниот адвокат, Србислав Стојановиќ, тврди дека од почеток верувал во нејзината невиност. „Оваа жена е жртва на системска грешка“, изјавува тој. Случајот и понатаму останува нерешен и го обележува српското правосудство како едно од најконтроверзните.
Фото извор: Foto: Youtube/RED/Printscreen