Не мора веќе да се шминка и може да облече што сака: Тајната на Цеца за совршен изглед без шминка и 9 килограми помалку

Цеца Ражнатовиќ повторно ги изненади следбениците кога од еден козметички салон во Белград се огласи без грам шминка. Популарната пејачка го сними своето лице пред третманот и притоа откри како се грижи за себе и за својата кожа.
Негата на Цеца Ражнатовиќ отсекогаш била тема на восхит и инспирација, а сега пејачката открива дека за беспрекорна кожа и вита линија не користи радикални методи, туку се потпира на проверени и природни ритуали.
Нега на Цеца Ражнатовиќ – го покажа лицето пред третманот
– Работиме со матични клетки од лосос – рече Цеца низ насмевка и додаде дека ова ѝ е третпат како се подложува на ваков третман.
Нејзиното лице, и без грам шминка, изгледаше затегнато, свежо и негувано, што предизвика низа пофалби на социјалните мрежи. Несомнено е дека негата на Цеца Ражнатовиќ останува тема што постојано ги интригира нејзините обожаватели, особено по неодамнешното славење на нејзиниот 52. роденден.
Ѕвездата повеќепати нагласувала дека за својот изглед не користи радикални методи, а сега откри и како успеала да ја доведе својата линија до совршенство – без диети и без тренди препарати кои, како што вели, можат да бидат опасни.
Извор: svet-scandal / Инстаграм