Објава на Босанка која ги разгневи свекрвите: Им порача дека снаата не е должна да поминува со нив ниту една МИНУТА!

Добивај вести на Viber

Босанката Разја на својот фејсбук профил објави емотивна порака упатена до сите свекрви. Со пораката таа им даде до знаење на свекрвите дека треба да ги унапредат своите сфаќања и да направат дистанца помеѓу снаите и ќерките. Таа им порача на свекрвите дека „Снаите не се нивни ќерки“ и дека тие мора да повнимаваат како им се обраќаат и како со нив комуницираат. 

Разија Чолаковиќ, родум од Чажињанка од Стијена, која денес живее и работи во Брчко, на социјалните мрежи често одговара на „тешки и незгодни“ прашања и ги „советува“ своите следбеници.

Така, во една од последните објави пишува:

Жените често ме прашуваат: Како да се реши проблемот со свекрвата?

Одговорот е ако не може да се комуницира со неа на нормален начин, престанете да ѝ одите во посета.

Одењето во посета на свекрвата не е обврска на снаата, таа должност ја има само нејзиниот син.Не мора да поминете ниту еден ден со свекрвата во нејзината куќа. Должни сте да ја почитувате толку многу што наместо лоши зборови, претпочитате да не одите кај неа, вели Разија. 

Ова објава наиде на различни коментари на социјалните мрежи и додека некои беа воодушевени од храброста на Разија да стави крај на традиционалните убедувања дека „снаата“ е единствена одговорна за квалитетот на односот со свекрвата, оние кои се свекрви сепак ја осудуваат. Во дел од коментарите Разија се обвинуваше дека ги советувала жените да го оддалечат синот од неговата мајка и дека таква приказна и нив ги чека во иднина доколку имаат синови. 

Мислењата се поделени, но Разија е јасна - Ништо не треба на сила, а почитта е двосмерна улица!

Извор: CN info