„Празни соби, прекинати соништа“: Боли крикот на татко што изгуби ќерка во кочанскиот пожар

Добивај вести на Viber

Во тивката болка што остана по трагедијата во Кочани, таткото Александар Наунов ја отвори душата и ја раскажа својата најголема загуба. Неговата ќерка беше меѓу 62-та млади животи кои засекогаш замолкнаа во ноќ што требаше да биде полна со музика, смеа и младост.

„Мојето дете беше таму… и никогаш не се врати дома,“ пишува Наунов, опишувајќи како отровниот јаглерод моноксид го исполнил просторот каде што требаше да има радост. Оваа ноќ, вели тој, не била несреќа, ниту судбина – туку резултат на немарност, алчност и систем кој не ги заштитува младите.

Со зборови што го сечат срцето, тој потсетува дека ниту едно дете не смее да плати со живот затоа што некој решил да штеди на безбедноста. Зад родителите остануваат празни соби, прекинати соништа и болка што нема лек, а прашањето „Зошто никој не ги заштити нашите деца?“ ќе одекнува до последниот здив.

„Запомнете ги нивните имиња. Запомнете ја оваа ноќ,“ вели тој. „Денес е нашата болка, утре може да биде нечии туѓи солзи. Никој не е безбеден додека молчиме.“