СЕСТРА МИ НЕ МЕ ПОКАНИ НА СВАДБА, СРЦЕТО МИ СЕ РАСПАРЧИ КОГА ЈА СЛУШАВ ПРИЧИНАТА: Нејзината приказна ги расплака и мажите, сите ѝ кажаат едно!

Добивај вести на Viber

Таа не крие дека се зачудила кога сфатила дека таа е единствената што не одговара на „бараниот изглед“ на гостите.

Се радувала на венчавката на својата сестра, која била закажана за август, дури и почнала да штеди пари за да купи подарок, но потоа срцето и се скршило кога дознала дека на свадбата таа нема да биде поканета. Причината зошто не била поканета е „вишокот“ килограми. 

Несреќната жена својата приказна ја објавила на социјални мрежи, а луѓето биле запрепастени кога дознале дека ниту таа, ниту нејзиниот сопруг не биле поканети на венчавката на нејзината сестра. 

Сфатила дека нешто не е во ред, кога видела дека на свадбата се поканети околу 40 луѓе, а венчавката била организирана под слоганот „Свадба без деца“, а потоа сфатила дека на венчавката била испланирана да биде „Инстаграмична“ и дека таа и нејзиниот сопруг не се вклопуваат во описот за тоа како треба да изгледаат гостите. 

-Сите нивни пријатели се гламурозни, а јас и сопругот сме обични и дебели, ги викнале сите освен нас и поради тоа срцето ми се скрши, порача таа. 

Сосема очекувано оваа приказна расплака многумина и предизвика многу коментари. 

Луѓето тврдеа дека ова е најбезобразна и истовремено најефемерна работа која ја слушнале во животот. 

- Е сега навистина знаеш што мислат за тебе. Во иднина не мора да се трудат веќе да го подобрат вашиот однос, гласеше еден од коментарите на социјалните мрежи.