„Сјај од друга галаксија“: KIKO Milano ја претстави лимитираната колекција Lumiverse

Сјајот штотуку слета од друга галаксија! KIKO Milano ја претстави својата нова лимитирана колекција Lumiverse, создадена во соработка со авангардното списание Toiletpaper Magazine.
Колекцијата донесува вистинска космичка магија во шминкањето – иновативни текстури, металик завршетоци и холографски нијанси инспирирани од вселената. Секое парче е создадено за да даде беспрекорен сјај, кој изгледа како напишан во ѕвездите.
Од светкавите руменила и highlighter-и, преку сенки за очи со мултидимензионален ефект, па сè до футуристички кармини и маскари – Lumiverse ја носи убавината на една нова, „галактичка“ димензија.
Колекцијата е достапна во продажните салони на KIKO Milano низ Македонија, како и онлајн.
Your glow-up? Written in the stars.
ФОТО: Fashion Group Macedonia
РЖМ/ИС