Таа е од католичка вероисповед, но отиде на Острог: Посведочи за нејзиното верско искуство, кое ѝ го промени животот од корен

Добивај вести на Viber

Понекогаш животот носи непредвидливи моменти и тешки ситуации кои не ставаат на големи искушенија. 

Eдна жена од католичка вероисповед, соочена со болеста на мајка ѝ и тага по смртта на татко ѝ, одлучила да побара утеха на за нејзината вероисповед - невообичаено место. 

Во оваа инспиративна исповед, таа открива како манастирот Свети Василиј Острошки ѝ го променил животот, дарувајќи ѝ мир и одговори кои ги барала.

Freepik

Нејзиното сведоштво:

„Сакам да го споделам ова со вас. Многупати сум гледала реклами во кои агенции нудат патувања до манастири, меѓу кои и манастирот Свети Василиј Острошки. Многу сум слушала за него и чувствував дека треба да одам таму.

Потоа дознавме дека мајка ми има стеснување на крвен сад во вратот и дека ѝ е потребна ризична операција, со можност за инфаркт. Едвај се навикнав на болката по загубата на татко ми, а сега и ова… Сама бев, единствена поддршка ми беше тетката и нејзиното семејство.

Посакав да одам кај Свети Василиј и да го замолам, ако е Божја волја, мајка ми да не оди на операција, затоа што немав сила повторно да изгубам некого. Се чувствував како цел живот да губам луѓе кои ги сакам – партнери, родители, пријатели…

Мојата сестра неочекувано ме повика на море, а рече и дека може да појдеме до манастирот. Тоа ми беше знак – Бог сакаше да одам таму. Сестра ми не знаеше дека одамна посакувам да го посетам тоа свето место.

Стигнавме на море, и договоривме една недела подоцна да одиме во манастирот. Тоа утро не го слушнавме алармот, иако го навила. Тоа никогаш претходно не ѝ се случило. Но некако, за пет минути, се спремивме и стигнавме навреме. Подоцна рече дека ја разбудила птица на прозор – нешто што никогаш не се случувало претходно.

Кога се приближувавме до манастирот, почнав да плачам. Не знам зошто, солзите само течеа. Ме беше срам, криев, но не можев да ги запрам.

Кога влегов внатре, почувствував мир. Иако не ги познавам православните обичаи, сѐ помина добро. Се молев за мајка ми, за тогашниот партнер со кого сакав да се помирам. Се помиривме, но подоцна се разделивме. Сѐ е тоа дел од Божјиот план – ако сме еден за друг, ќе бидеме заедно.

Мајка ми сега е со мене. Докторите рекоа дека состојбата на крвниот сад не е толку опасна, бидејќи две години не се менувала, и дека не мора на операција.

Лекарот кој силно инсистираше на операција, целосно го промени своето мислење.

Сега зема терапија и добро е. Разбрав дека Исус дозволува одредени ситуации кои не ни се допаѓаат – за да нѐ приближи до Себе. Но никогаш не ни дава повеќе отколку што можеме да поднесеме.

Извор: kurir.rs