Тој е фудбалер на 17 години, а таа скоро двојно повозрасна: Шпанска инфлуенсерка во центар на скандал, ја обвинуваат за педофилија

Шпанска инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Фати Вазкез, последните денови се соочува со голем јавен притисок откако беа објавени фотографии од одморот во Италија што го помина со 17-годишниот фудбалер на Барселона, Ламине Јамал, пишува avaz.ba.
Иако и двајцата јасно демантираа дека помеѓу нив постои каква било романтична врска, разликата во години и нејзиниот јавен имиџ предизвикаа остри реакции од јавноста, вклучувајќи закани со смрт и обвиненија за педофилија.
-
Ми велат педофилка, примам закани со смрт – изјави Вазкез во емисијата La Familia de la Tele, додавајќи дека сето тоа се одразува и на нејзиното семејство, но и на самиот Јамал.
Размислува за поднесување тужби
-
Напаѓаат од сите страни и тоа ми е неверојатно неправедно. Имам 29 години, уште не сум наполнила 30. Не направив ништо лошо, никому не наштетив. Ова го погаѓа моето семејство и не сакам ситуацијата да се влоши. Ми се закануваат со смрт, ме навредуваат, ме нарекуваат педофилка... Ова е веќе преголемо – истакна таа.
Посебно ги нагласи двојната аршина кога станува збор за врски на постари мажи со помлади жени, во споредба со обратната ситуација.
-
Кога мажот е постар, никој не реагира. Но кога жената е постара од мажот, веднаш е проблем – рече таа.
Вазкез тврди дека со Јамал поминала само неколку дена одмор и порача дека не сака тоа да прерасне во скандал.
-
Бевме само неколку дена заедно, токму како што е прикажано на фотографиите – и тоа е сè. Не сакам да коментирам повеќе ниту сакам оваа тема да се продолжува – рече таа.
На Инстаграм додаде дека сите заканувачки коментари се забележани и дека размислува за правни чекори:
-„Закани, навреди и лажни обвиненија што ги примам се сериозни и веќе се документирани. Клевета, вознемирување и закани преку социјалните мрежи, тоа е кривично дело.“
Извор: Avaz