Турунџиева постави нови граници, а потоа се огласи и објасни ЗОШТО: „Тие не се ѕидови, туку врати“

Во нова емотивна објава на својот Фејсбук профил, Сузана Турунџиева – позната македонска поетеса, писателка и јавна личност – проговори за значењето на личните граници и важноста од нивно поставување.
Објавата наиде на позитивни реакции и многу коментари од луѓе кои се пронајдоа во нејзините зборови.
Турунџиева нагласи дека поставувањето граници не е знак на студенило, туку на самопочит и зрелост. „Мојата дистанца не е за да те повреди тебе, туку за да ме заштити мене,“ напиша таа. Со трогателен тон и силна искреност, Сузана ја сподели својата лична борба со поставувањето граници и пораката дека тоа е чин на љубов кон себе.
Во текстот, таа исто така упати порака до сите оние кои се плашат да кажат „не“, потсетувајќи ги дека тоа „не“ често значи „да“ за мирот, достоинството и внатрешниот баланс. Според неа, границите не се ѕидови што нè одделуваат, туку врати што нè штитат од емоционална исцрпеност.
Со оваа објава, Турунџиева уште еднаш покажа дека нејзините зборови имаат моќ да инспирираат и охрабрат. Во време кога многумина се соочуваат со преголеми барања од околината, нејзината порака е потсетник дека најголемата одговорност ја имаме кон самите себе.
М.С.К