„Влегов од брак поради страв, а не поради љубов“: Никогаш поискрено жените признаа кои се причините за нивните разводи

Разводот, иако правна процедура, често е еден од најболните и најдлабоки животни премини.
Знакoвите за неговото доаѓање често се присутни, но ги игнорираме или не ги разбираме навреме. Жените кои поминале низ развод, во разговор за HuffPost, споделуваат што би направиле поинаку, со емоционална дистанца и нови увиди.
„Жалам што не побарав помош“, вели Валенса Мортон. Како нова мајка и сопруга, се трудела да биде совршена и брзо „изгорела“. Признава дека си поставила невозможни стандарди без поддршка.
Холи Мартин жали што не работела на себе пред бракот. Влегла во врската од страв, не од сила. „Да го знаев ова тогаш, ќе почекав со бракот“, вели таа.
Тара Ајзенхард, експерт за разводи, жали што немала храброст порано да се соочи со промените во бракот. „Го игнорирав проблемот и дозволив да пропаднеме двајцата“, признава.
Пети Блу Хејс вели: „Се посветив на кариерата и интересите на маж ми, и го изгубив чувството за себе. Не го препознав моментот кога односот стана нездрав.“
Лиса Лавија Рајан вели дека жали што вината ја барала само кај партнерот. „Не ја презедов сопствената одговорност. Денес знам дека мојата среќа не смее да зависи од друг.“
Триш Еклунд додава: „Жалам што не се изборив за себе порано. Сега сум посилна и не ги занемарувам моите чувства.“
Обри Кифер вели дека жали што не го научила „јазикот на љубовта“ на својот маж. „Го сакав на свој начин, но не и на начинот на кој нему му требаше.“ Недоразбирањата околу љубовта довеле до дистанца, и покрај љубовта.
Иако не би останале во истиот брак, сите би пристапиле поинаку – со повеќе самосвест, храброст и искреност.
Извор: Slobodna dalmacija / Freepik