Зборови од кои се кине душата: Мајката на Фросина Кулакова откри како изгледала по сообраќајката

Добивај вести на Viber

Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото.

Извор: МИА

На рочиштето сведочеше и Камелија Кулакова, мајката на Фросина Кулакова која побара најстрога пресуда за Васил Јованов, велејќи дека Фросина не била само прегазена, туку згазена на начин што човечкиот ум не може да го прифати. 

Во своето обраќање таа откри досега непознати детаљи за сообраќајната несреќа во која загина нејзината ќерка Фроина Кулакова, велејќи дека градниот кош и бил целосно отворен, а со главата удрила на шофершајбната и ја исфрлил 15 метри во далечина. Таа побара на Васил да му се суди за „убиство“, а не за сообраќајна несреќа.

Според обвинението Јован се терети дека на 29 јануари 2025 година, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.

Извор: МИА