Анастасија Гудељ сподели рецепт кој се готви за 10 минути со 5 состојки: Ќе им се допадне и на најпребрливите

Добивај вести на Viber

Бидејќи ужива во вкусни оброци, но не сака да поминува премногу време во кујната, Анастасија најчесто подготвува едноставни јадења.

Едно од нив е паста за чија подготовка се потребни само десетина минути. Станува збор за италијанската паста „Аглио е олио“.

Рецептот на Анастасија Ражнатовиќ се подготвува за неколку минути.

Состојки:

– Пакување тестенини по избор
– Маслиново масло
– Лук
– Пармезан
– Магдонос

Извор: Инстаграм 

Подготовка:

Сварете ги тестенините во посолена вода. Одделете една чаша од зовриената вода во која се вареа тестенините, а остатокот процедете го.

Во тава загрејте маслиново масло, па на него пропржете тенко исецкан лук. Кога ќе се запржи лукот, додадете ја чашата вода во која се вареа тестенините и оставете да врие наредните десетина минути.

Зачинете ги тестенините со сол и бибер, прелејте ги со пропржениот лук, а на крајот додајте пармезан и ситно сечкан магдонос.