CNN ја вброи „шопската салата“ меѓу 24 најдобри во светот: Но како земја на потекло ја наведе Бугарија

Во најновата листа на CNN Travel за 24 најдобри салати во светот (јуни 2025), меѓу избраните се најде и омилената шопска салата, традиционално јадење кое со децении е неразделен дел од македонската трпеза.
Сепак, и покрај тоа што салатата со свежи домати, краставици, кромид, сирење и пиперка е длабоко вкоренета во македонската гастрономија, CNN ја наведе како бугарска салата – веројатно поради недоволна информираност или пренесени податоци од регионални извори.
Иако шопската салата е присутна и во Србија, Црна Гора, Словенија и Бугарија, таа има силно и јасно потекло од Македонија, каде се смета за национално јадење и се служи во речиси секој ресторан.
Покрај шопската, на листата се најде и грчката салата – или „хориатики“, како и светски познатата Цезар салата, која потекнува од Мексико, иако често се смета за американски рецепт.
Листата на CNN не претставува рангирање од прво до последно место, туку е селекција на највкусните и најпопуларните 24 салати во светот според впечатоците на патувачи, гурмани и љубители на интернационална кујна.