„Еднаш присуствував на породување и одлучив дека нема да имаме веќе деца“: Хрват уринирал во гаќи од шок за време на породувањето на неговата сопруга
Иако денес присуството на мажите на породувањето се смета за чин на љубов и поддршка, еден маж од Хрватска открил дека тоа искуство за него било емоционален шок што ќе го памети цел живот.
Во својата исповед за хрватски портал Исповјест, тој признал дека сцените на породувањето го потресле толку длабоко што во еден момент од страв и паника – уринирал во гаќи.
„Сопругата инсистираше да бидам покрај неа. Се согласив, мислев дека така треба – да бидам тука, да ја поддржам. Но кога започнаа болките, кога ја видов како вреска, како се бори, се вкочанив.
Во моментот кога докторите рекоа ‘еве ја главата’, осетив како ме обзема паника. Срцето ми чукаше како лудо, и тогаш почувствував дека сум се измокрил. Никогаш не сум се посрамил толку во животот,“ напишал анонимниот маж.
Породувањето, како што раскажува, поминало добро – бебето е живо и здраво, а сопругата закрепнала брзо. Но, тој не можел да се ослободи од сликите што му останале во главата.
„Сè уште кога ја гледам, во мислите ми се тие сцени. Толку ја сакам, се восхитувам на нејзината сила, но не можам да заборавам низ што помина. Се чувствувам виновен, беспомошен. Никогаш повеќе не би сакал да помине низ тоа,“ вели тој.
Токму затоа, по првото дете, донел одлука – нема да имаат повеќе деца.
„Ќе бидам најдобар татко што можам, но не би издржал повторно да ја гледам во такви болки. Едно дете е доволно,“ додава.
Неговата сопруга, пак, го гледа поинаку. Таа вели дека и покрај тешкото искуство, би сакала уште три деца со истиот маж.
„Да, болеше. Но кога ќе го видиш бебето, забораваш на сè. За мене тоа е најубавиот момент во животот. Би поминала уште трипати низ истото, само да го доживеам тоа повторно,“ рекла таа.
Исповедта на овој хрватски брачен пар предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Некои го осудуваат мажот како слаб, други велат дека искрено покажал како изгледа вистински човечки страв и љубов во исто време.
Фото извор: EPA / Извор: Ispovjest