Иднината во вашиот дом со безжичните правосмукалки на Samsung

Модерната технологија станува неопходен сојузник во секојдневнотоодржување на хигиената, нудејќи брзи, ефикасни и практични решенија за секој дом.
Во динамиката на современиот живот, секојдневните обврски бараат практични и технолошки напредни решенија – особено кога станува збор за чистење на домот. Прашината, влакната од миленици и наталожената нечистотија се дел од реалноста, па затоа е исклучително важно чистењето да биде лесно, ефикасно и без напор. Безжичните правосмукалки Samsung Bespoke Jet го нудат токму тоа – интелигентна моќност и врвна удобност во секој потег.
Bespoke Jet AI – вештачка интелигенција за беспрекорно чистење
Еден од најбараните модели на правосмукалки е бежичната Samsung правосмукалкатаBespoke Jet™ AI, која користи вештачка интелигенција за автоматско прилагодување на процесот на чистење во зависност од типот на подот. Со моќност на вшмукување до 280W и максимална моќност на моторот од 730W, оваа правосмукалка обезбедува висока ефикасност и долго време на работа, благодарение на батеријата која трае до 100 минути.
Еден од клучните аспекти на Bespoke Jet™ AI е технологијата Air Pulse за автоматско празнење на резервоарот за прашина, што ја прави оваа правосмукалка поефикасна и похигиенска. Тука е и технологија Air Spin Edge која го врти Spinning Cyclone со брзина на сечилото до 1000 вртежи во минута за да го отстрани целиот отпад, вклучувајќи ги и сите преостанати честички што може да се заглават во резервоарот.
Правосмукалката содржи и фантастични додатоци кои несомнено ќе се погрижат да ги оправдаат вашите очекувања за оваа совршена правосмукалка. Покрај главната четка Active Dual и тенка LED четка +, имате на располагање додаток за миленици кој е наменет за секој дом во кој живее и миленик, прскачки ротирачки чистач, како и дополнителни алатки како флекс алатката, комбинирана алатка и продолжителна алатка за тесни отвори.
Bespoke Jet Complete – чистење без компромиси
Исто така, како врвнастик правосмукалки ја издвојуваме и безжичната правосмукалка Bespoke Jet™ Complete, со моќност на вшмукување од 210W и тежина која ќе ја чувствувате на раката од само 1,44 килограми, какоодличен избор за домаќинства со миленици, благодарение на специјално дизајнираната четка за влакна. Мултифункционалната станица за чистење автоматски го празни резервоарот за прав, задржувајќи 99,999% од честичките. Со прилагодлив стик-држач и разни додатоци за тешко достапни места, оваа правосмукалка обезбедува максимална флексибилност и леснотија при чистењето. LCD екран за следење на вшмукувањето и батеријата ги овозможува сите податоци на дофат на раката, а паметната самодијагностика осигурува долготрајно и оптимално функционирање на уредот.
Со овие иновации, правосмукалките Samsung Bespoke Jet ги прават вашите домашни задачи побрзи, полесни, поефикасни и често пати забавни.
Промотивна понуда Try&Buy само за вас!
Не ја пропуштајте можноста да го внесете најдоброто во вашиот дом! Уште само неколку дена остануваат до крајот на Samsung Try&Buy промоцијата – искористете ја до 27.04.2025 и набавете ја вашата Bespoke Jet правосмукалка. За селектирани модели имате можност да ги вратите во рок од 100 дена, доколку не ги исполни вашите очекувања. Уверете се лично во напредната технологија, удобноста и ефикасноста што ја нудат овие уреди, и почувствувајте како изгледа лесно и беспрекорно чистење. Повеќе детали можете да прочитате тука.
ПР објава