Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ директно кај миленичката

Добивај вести на Viber

Александра Пријовиќ завчера го посети концертот на Саша Ковачевиќ и се опушти со своите пријатели. Пејачката беше опуштена и уживаше во одличните хитови на својот колега, а по концертот директно се врати дома кај своите деца и сопругот Филип.

Пејачката ги изненади сите со објава на Инстаграм кога објави фотографија од својата ќерка Арија од креветчето, односно нозете на нејзиното бебе.

Нејзиниот профил веднаш беше преплавен со лајкови за оваа објава, а Александра докажа дека и покрај кариерата и секојдневните активности и настани, таа е пред сè мајка која се грижи за своите деца.

Александра Пријовиќ се породи на почетокот на септември, а од бракот со Филип Живојиновиќ има и син, Александар.