„Не јадат лошо“: Еве што вообичаено е вклучено во оброк на еден патлиџан турист

Добивај вести на Viber

Туристите кои на плажа носат храна од дома или купена во маркет, со цел да избегнат посети на скапи ресторани, сѐ почесто добиваат етикета „патлиџан туристи“. 

Овој поим, кој најчесто се поврзува со туристи од Македонија и Србија кои летуваат во Грција, не се однесува на гастрономски избор, туку на финансиска рационалност.

Оброкот на „патлиџан турист“ најчесто се состои од ладен сендвич со сувомеснато, кашкавал, малку мајонез или кечап и – задолжително – домат, кој го инспирирал и самиот назив. 

Во поедноставна варијанта, на менито може да се најде леб, паштета и домат, храна која лесно се носи, не се расипува и најважно – не го оптоварува буџетот.

Додека менаџерите на плажите и угостителите изразуваат незадоволство од ваквата пракса, на социјалните мрежи се множат коментарите во одбрана на „патлиџан туристите“. „Па и дома не јадеме кавијар, зошто на одмор би морале?“, велат граѓани кои сметаат дека секој има право да штеди и прилагоди трошоци според своите можности.

Во време на растечки цени и инфлација, ваквиот оброк не е само симбол на штедење, туку и на упорноста да се ужива во морето и одморот, без финансиски товар.

РЖМ 

*Забрането е преземање на содржини од „Женски магазин“