„Недела е ден за слатко задоволство“: Торта без печење, готова за 10 минути - за целото семејство

Оваа торта е идеална за брзо и вкусно домашно подготвено слатко задоволство. Не ви треба рерна, ни шпорет – само 10 минути и малку добра волја!
Состојки:
Кора:
-300 г мелени бисквити („Плазма“);
-2 лажици шеќер во прав;
-2 лажици какао во прав;
-80 г растопен путер;
-200 мл млеко.
Крем:
-400 мл слатка павлака (за матење);
-400 мл ладно млеко;
-2 пудинга Galetta (инстант, кои не се варат);
-100 г рендано темно чоколадо.
Глазура:
-100 г темно чоколадо;
-100 мл слатка павлака.
Подготовка:
Кора: Сите состојки измешајте ги во сад додека не добиете хомогена смеса. Притиснете ја во округла или правоаголна тава за торта, формирајќи рамна кора.
Крем: Изматете го млекото и слатката павлака со инстант пудинзите додека не се добие цврст крем. Додадете го ренданото чоколадо и внимателно измешајте. Кремот нанесете го врз кората.
Глазура: Загрејте ја слатката павлака до вриење, тргнете од оган и додадете го чоколадото. Мешајте додека не се растопи и добиете мазна глазура. Прелијте врз тортата.
*Ставете ја тортата во фрижидер најмалку еден час пред послужување. На здравје!