Од „пази да не земеш жена од лоша фамила“ преку „да не е од дрга вера“ до „само нека е женско“: Иронична, но реална исповед на еден татко
 
                    Еден татко, во искрено и иронично раскажување, објаснува како низ децении се менувале вредностите и стравовите во општеството, а со тоа и советите што родителите им ги давале на своите деца кога станувало збор за љубовта и бракот.
„Кога јас бев млад,“ раскажува тој, „моите родители ми велеа: синко, само пази да не земеш жена од лоша фамилија. Сè друго можеше да се прости, но не и тоа. Важно беше потеклото, честа, името.“
Потоа дошол распадот на Југославија, времето кога национализмот станал доминантна идеологија и кога, како што вели, „љубовта доби граници и пасош“. Тогаш родителите почнале да велат: не земај некоја од друга нација, не од непријателска страна.
Следувале годините на религиски подеми и нови поделби. „Се појави и нов совет,“ вели тој со горчлива насмевка, „не земај некоја од друга вера, не знаеш како ќе ги воспитувате децата.“
А денес, вели таткото, времињата донеле нешто сосема ново. „Јас на мојот син му велам: земи каква сакаш — црна, бела, богата или сиромашна, само нека е женско! Денес веќе не можеш да бидеш сигурен ни во тоа,“ додава со иронија, алудирајќи на новите општествени теми и видливоста на трансродовите личности.
Неговата приказна, иако кажана со хумор, ја отсликува реалноста на генерациите што живееле во различни идеолошки времиња. Од класичните семејни предрасуди, преку националните и верските поделби, па до денешните културни и идентитетски предизвици, едно останува исто — родителите секогаш мислат дека го советуваат своето дете за негово добро.
РЖМ / Фото извор: Pexels 
                     
                                             
                                             
                                            