РЕТРОГРАДЕН МАРС прави хаос во 2025 година: Овие 4 знаци ги очекуваат ОГРОМНИ промени, а еве што не треба да прават
Ретроградниот Марс не‘ очекува на самиот влез во новата 2025 година!
Ретроградниот Марс е симбол на забавување, интроспекција и соочување со минатите предизвици, особено во областите што традиционално владее Марс: акција, енергија, страст и конфликт, а еве како тоа ќе влијае на секој хороскопски знак.
Кога Марс е ретрограден, гледан од Земјата, изгледа како да се движи наназад. Ова е време кога акциите можат да наидат на пречки, енергијата се намалува и конфликтите од минатото излегуваат на површина.
Овен
Како знак со кој владее Марс, Овенот ќе почувствува фрустрација од забавување.
Фокусирајте се на решавање на нерешените конфликти и избегнувајте избрзани одлуки, особено во деловните и личните односи.
Бик
Ретроградниот Марс влијае на вашите финансии и самодоверба.
Ова е период да ги прегледате вашите трошоци и да поставите пореални цели во однос на материјалните вредности.
Близнаци
Овој период може да донесе тензии во комуникацијата и односите со блиските луѓе.
Избегнувајте озборувања и непотребни дискусии; подобро фокусирајте се на слушање и разбирање.
Рак
Ретроградниот Марс го активира вашиот дом и семејна област.
Можни се стари недоразбирања со членовите на семејството. Ова е добро време за решавање на тие прашања и зајакнување на семејните врски.
Лав
Ретроградниот Марс воведува пречки за вашите креативни проекти и љубовни врски.
Наместо да започнете нешто ново, завршете го она што веќе сте го започнале.
Девица
Марс влијае на вашето здравје и на секојдневните обврски.
Грижете се за вашето тело и енергија и не преземајте премногу обврски. Одморот е клучен.