Посна БАБИНА ШТРУДЛА СО АФИОН: Рецепт стар 50 години со кој пораснале генерации

Вкусно, а целата куќа ќе мириса.
Потребно е:
*500 г брашно
*20 г квасец
*250 мл вода
*100 г шеќер
*50 мл масло
*прстофат сол
За филот:
*200 г мелени семки од афион
*5 лажици шеќер
*2 лажици маргарин
*топла вода
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад измешајте вода, квасец, шеќер, сол и масло. Постепено додавајте брашно и замесете мазно тесто. Поделете го тестото на 4 дела. Одделно измешајте ги семките од афион и со шеќер. Прелијте со малку топла вода, а потоа додадете го маргаринот. Добро соединете. Развлечете го тестото во правоаголник на набрашнета работна површина. Развлечете во форма на штрудла, а потоа премачкајте ја со масло. Печете ја штрудлата 40 минути во рерна загреана на 200 степени. Оставете ја штрудлата да се олади, а потоа исечете ја.
Фото: Freepik.com