ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ СО СИРЕЊЕ И ЈАЈЦА: Вака ги прават нашите баби - секој залак рај за непцето

Добивај вести на Viber

Се прави лесно, а ќе се изеде брзо.

Потребно е:

*4 големи црвени месести пиперки

*200 г рендано сирење

*4 јајца

*50 г сланина

*прстофат оригано или свежо сечкан магдонос за сервирање, по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги пиперките, исечете ги на половина по должина и отстранете ги семките. Треба да добиете 8 половини, готови за полнење. Измешајте го ренданото сирење и јајцата во сад, а потоа полека додадете сол и бибер во смесата. Добро измешајте со вилушка. Потоа наполнете ја секоја пиперка со смесата од јајца и сирење. Одозгора распоредете неколку парчиња сланина. Наредете ги пиперките на плех обложен со хартија за печење. Печете 25 до 30 минути, во рерна загреана на 200 степени. На крајот, наросете со свеж магдонос.